ПОВЛАСТЕН ПАРКИНГ

Право на повластено паркирање имаат станарите од колективните станбени заедници лоцирани во зоните.

Дозволата за повластено паркирање ја издава ЈП за јавни паркиралишта “ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ” Кавадарци по поднесено барање од станарот-сопственик на возило, а по претходно доставени докази за сопственост или закуп на стан и доказ за сопственост на возило (имотен лист или нотарски заверен договор за закуп и важечка сообраќајна дозвола на име на станарот).

Ценовник

1 воз. / за 1 година  Прва зона  – 900ден. / 1500ден. второ возило.
1 воз. / за 1 година  Втора зона – 900ден. / 1500ден. второ возило.
1 воз. / за 1 година  Трета зона  – 900ден. / 1500ден. второ возило.